Според најновите податоци од стоковите пазари, цените на нафтата и дел од енергетските производи се зголемија, додека благородните метали и одредени земјоделски производи забележаа пад.

Цената на фјучерсите на златото се намали за 0,23 проценти на 4.132,90, додека среброто поевтини за 0,95 проценти на 57,450. Бакарот се тргуваше на ниво од 6,5975, со пад од 0,04 проценти.

Кај енергетските производи, суровата нафта WTI поскапе за 1,19 проценти на 98,98, додека нафтата Brent се зголеми за 1,32 проценти на 110,23. Маслото за греење поскапе за 1,58 проценти на 5,0028, а бензинот RBOB за 1,5 проценти на 3,1660. Природниот гас поевтини за 0,17 проценти на 2,955.

Кај земјоделските производи, американската соја поевтини за 0,12 проценти на 1.246,75, додека американската пченица забележа пад од 0,29 проценти на 641,40.

Macedonia News Agency