На европските берзи, во последниот трговски ден од неделата, доминираше продажниот притисок. Германскиот индекс DAX падна за 1,92 проценти на 25.820,36 поени, додека британскиот FTSE 100 загуби 1,01 процент и се спушти на 10.673,94 поени.

Францускиот индекс CAC 40 се намали за 0,81 процент на 8.139 поени, додека Euro Stoxx 50 падна за 0,98 проценти на 6.170,49 поени. Шпанскиот IBEX 35 го заврши тргувањето со пад од 0,60 проценти на 19.369,50 поени, а италијанскиот FTSE MIB загуби 0,90 проценти, затворајќи на 50.052,96 поени.

Швајцарскиот индекс SMI загуби 1,14 проценти од својата вредност, холандскиот AEX падна за 0,77 проценти, а австрискиот ATX за 1,18 проценти. Надолниот тренд преовладуваше кај берзанските индекси низ цела Европа.

Macedonia News Agency