Холандскиот министер за надворешни работи Том Берендсен даде оценка за напредокот на Црна Гора во процесот на пристапување кон Европската Унија (ЕУ).
Берендсен во објава на социјалните мрежи истакна дека Црна Гора постигнува охрабрувачки напредок на патот кон членство во ЕУ. Тој наведе дека ја пречекал црногорската министерка Маида Горчевиќ и дека разговарале за следните чекори во процесот.
Нагласувајќи дека Холандија ја поддржува европската иднина на Црна Гора, Берендсен истакна дека овој процес бара континуирана и цврста посветеност на реформите, особено во областа на владеењето на правото.
Macedonia News Agency













