Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен соопшти дека ЕУ ќе обезбеди дополнителна финансиска поддршка за Романија со цел подобрување на капацитетите за одговор на кризни ситуации.
Во објава на социјалните мрежи, фон дер Лајен ја нагласи потребата од зајакнување на способностите за реагирање при можни кризи во пограничните региони и долж брегот на Црното Море.
Фон дер Лајен посочи дека во таа насока романските власти ќе добијат дополнителни 10 милиони евра од фондовите на ЕУ за операции за пребарување и спасување.
Macedonia News Agency













