Според најновите податоци од тргувањето на стоковите пазари, цените на златото, среброто и бакарот пораснаа, додека нафтата и некои други енергетски производи забележаа пад.

Фјучерс-договорот за злато со доспевање во декември 2026 година порасна за 0,06 проценти, достигнувајќи 4.218,82. Фјучерс-договорот за сребро за декември 2026 година се зголеми за 0,1 процент, на 61,300, додека договорот за бакар со истиот рок на доспевање порасна за 0,05 проценти, на 6,7435.

Фјучерс-договорот за американската сурова нафта West Texas Intermediate (WTI) со доспевање во ноември 2026 година падна за 1,61 проценти, на 90,37. Фјучерс-договорот за нафтата Брент со доспевање во декември 2026 година исто така се намали за 1,24 проценти и се тргуваше на ниво од 103,42.

Фјучерс-договорот за природен гас со доспевање во ноември 2026 година се намали за 1,19 проценти, на 3,162, додека договорот за масло за греење со истиот рок на доспевање падна за 1,55 проценти, на 4,6074. Фјучерс-договорот за бензин со доспевање во ноември 2026 година забележа пад од 2,05 проценти, на 3,2277.

Кај земјоделските производи, фјучерс-договорот за американска соја со доспевање во ноември 2026 година падна за 0,99 проценти, на 1.279,50. Фјучерс-договорот за американска пченица со доспевање во декември 2026 година се намали за 0,42 проценти и беше забележан на ниво од 667,90.

Macedonia News Agency