Кај поголемиот дел од производите со кои се тргува на стоковите пазари беше забележан пад на цените. Според најновите објавени податоци, златото изгуби 0,04 проценти од вредноста, а среброто 0,69 проценти.
Со фјучерс-договорот за злато со доспевање во декември 2026 година се тргуваше на ниво од 4.049,80, додека цената на фјучерс-договорот за сребро се намали на 53,298.
Пад на цените беше забележан и на енергетскиот пазар. Фјучерс-договорот за американска сурова нафта West Texas Intermediate (WTI) со доспевање во декември 2026 година падна за 1,32 проценти, на 101,42, додека фјучерс-договорот за нафта Брент со доспевање во јануари 2027 година се намали за 1,23 проценти, на 110,27.
Фјучерс-договорот за природен гас со доспевање во декември 2026 година се намали за 0,10 проценти, на 3,029, додека договорот за мазут падна за 0,57 проценти, на 4,6335. Фјучерс-договорот за бензин исто така се намали за 0,14 проценти и со него се тргуваше на ниво од 3,1042.
Меѓу индустриските метали, цената на бакарот падна за 0,28 проценти, на 6,6513. На пазарите на земјоделски производи, фјучерс-договорот за американска соја со доспевање во јануари 2027 година се намали за 0,44 проценти, на 1.232,50, додека фјучерс-договорот за американска пченица со доспевање во декември 2026 година порасна за 0,23 проценти, на 600,40.
Macedonia News Agency














