Министерот за надворешни работи на Естонија Маргус Цахкна учествуваше на Tallinn Summit, на кој се дискутираше за вештачката интелигенција, дигиталните државни услуги, киберотпорноста и безбедноста.
Во објава на социјалните мрежи Цахкна изјави: „Ми беше задоволство во рамките на TDS2026 да ги пречекаме нашите партнери од целиот свет во Талин и да размениме мислења за вештачката интелигенција, кибербезбедноста и дигиталниот суверенитет.”
Macedonia News Agency














