На азиските берзи во првиот дел од трговскиот ден преовладуваше тренд на пад.

Во Австралија, индексот S&P/ASX 200 падна за 0,72 проценти, на 8.665 поени. Во Јапонија, индексот Nikkei 225 се намали за 1,03 проценти, на 69.317,12 поени, додека во Индија индексот Nifty 50 падна за 0,60 проценти, на 22.467,90 поени.

Во Хонг Конг, индексот Hang Seng се намали за 0,69 проценти, на 23.963,31 поени, додека во Кина Шангајскиот композитен индекс падна за 0,27 проценти, на 3.831,844 поени.

Така, сите главни берзански индекси во регионот забележаа надолно движење.

Macedonia News Agency