Референтниот европски индекс STOXX Europe 600 порасна на 657,40 поени, додека германскиот индекс DAX забележа раст од 2,22 отсто и го заврши тргувањето на 26.437,67 поени. Францускиот индекс CAC 40 порасна за 1,96 отсто, на 8.177,89 поени, а швајцарскиот индекс SMI за 1,90 отсто, достигнувајќи 15.022,85 поени.

Британскиот индекс FTSE 100 порасна за 1,79 отсто, достигнувајќи 10.829,21 поен, додека италијанскиот индекс FTSE MIB забележа раст од 2,18 отсто и се тргуваше на ниво од 51.031,02 поени. Шпанскиот индекс IBEX 35 порасна за 3 отсто, достигнувајќи 19.370,90 поени.

Растот на европските пазари беше поттикнат од намалувањето на политичката неизвесност по изборите на средината од мандатот во САД, падот на цените на нафтата, како и од купувањето акции во банкарскиот сектор и секторот за чиста енергија. Меѓу компаниите од секторот за чиста енергија, акциите на Vestas пораснаа за 5 отсто, на Orsted за 7 отсто, а на Nordex за 4,7 отсто.

Macedonia News Agency