Повеќето средства со кои се тргува на пазарот на криптовалути загубија од својата вредност. Според најновите објавени податоци, Биткоин падна за 0,73 проценти, на 80.292 долари, додека Етериум се намали за 1,15 проценти, на 2.325,11 долари.
И кај другите криптовалути преовладуваше надолен тренд. XRP загуби 2 проценти од вредноста, паѓајќи на 1,2987 долари, Polkadot се намали за 1,78 проценти, на 0,982 долари, додека Solana падна за 1,43 проценти, на 100,345 долари. Lido Staked ETH се намали за 1,17 проценти, на 2.322,67 долари, додека TRON загуби 0,06 проценти, паѓајќи на 0,331252 долари. USD Coin исто така се намали за 0,02 проценти и се тргуваше по цена од 1,0010 долари.
Спротивно на надолниот тренд на пазарот, BNB порасна за 1,61 проценти, достигнувајќи 757,30 долари. Tether забележа раст од 0,01 проценти и се тргуваше на ниво од 0,9992 долари.
Macedonia News Agency















