На стоковите пазари благородните метали генерално бележеа раст, додека индустриските метали имаа мешано движење.

Цената на златото порасна за 0,50 проценти на 4.207,55. Среброто порасна за 1,54 проценти на 61,50, додека паладиумот се зголеми за 0,42 проценти на 1.217,50. Платината порасна за 1 процент на 1.736,10.

Кај индустриските метали, бакарот се намали за 0,07 проценти на 6,6153, додека алуминиумот падна за 1,43 проценти на 3.170,35. Цинкот порасна за 0,01 проценти на 3.826,70, додека оловото се тргуваше без промена на 1.877,93.

Никелот се намали за 0,27 проценти на 15.891,50, додека калајот порасна за 0,99 проценти на 54.129.

Macedonia News Agency