Берзанските индекси на европските пазари забележаа мешани движења за време на тргувањето во петок, 30 октомври.
Во Обединетото Кралство индексот FTSE 100 порасна за 0,07 проценти, на 10.729,78 поени, додека во Италија индексот FTSE MIB се намали за 1 процент, на 49.500,97 поени.
Паневропскиот индекс STOXX Europe 600 беше забележан на ниво од 646,75 поени, германскиот индекс DAX на 25.818,21 поен, а францускиот индекс CAC 40 на 7.969,42 поени.
Macedonia News Agency














