Главните берзански индекси на пазарите во Азиско-пацифичкиот регион забележаа мешани движења. Индексите Nikkei 225 и Nifty 50 пораснаа, додека ASX 200, Hang Seng и Shanghai Composite забележаа пад.
Според податоците на CNBC, индексот Nikkei 225 порасна за 598,04 поени, достигнувајќи 64.673,46 поени, додека индексот Nifty 50 се зголеми за 178 поени, на 23.066,95 поени.
Австралискиот индекс ASX 200 се намали за 2,60 поени, на 8.814,30 поени. Индексот Hang Seng во Хонгконг загуби 83,47 поени и се спушти на 23.784,27 поени, додека индексот Shanghai Composite падна за 11,419 поени, на 3.723,952 поени.
Macedonia News Agency














