Јапонскиот индекс Nikkei 225 се намали за 1,42 отсто, на 62.188,63 поени, додека австралискиот индекс S&P/ASX 200 загуби 0,59 отсто и се тргуваше на ниво од 8.834,50 поени. Јужнокорејскиот индекс Kospi падна за 3,5 отсто под влијание на продажбата на технолошките акции. Тајванскиот индекс TAIEX исто така се намали за 1,6 отсто.

На кинеските пазари, пак, преовладуваше растот. Индексот Shanghai Composite порасна за 2,16 отсто, достигнувајќи 3.686,17 поени, додека хонгконшкиот индекс Hang Seng забележа раст од 1,67 отсто, на 23.919,50 поени. Индискиот индекс BSE Sensex исто така оствари раст од 0,50 отсто.

На регионалните пазари особено се следеа очекувањата за инвестиции во секторите за вештачка интелигенција и производство на чипови, додека можните ефекти од резултатите на изборите на средината од мандатот во САД врз регулативите за технолошките компании и инвестициите беа во фокусот на инвеститорите.

Macedonia News Agency