Берзанските индекси на азиските пазари забележаа мешани движења. Во Австралија, индексот ASX 200 се намали за 0,55 проценти, на 8.858,70 поени, додека во Јапонија индексот Nikkei 225 порасна за 0,46 проценти, на 63.584,04 поени.
Во Индија, индексот Nifty 50 се зголеми за 1,16 проценти, достигнувајќи 23.322,60 поени, додека во Хонгконг индексот Hang Seng порасна за 0,61 проценти, на 23.437,41 поен.
Во Кина, Шангајскиот композитен индекс се зголеми за 1,16 проценти, достигнувајќи 3.640,93 поени.
Macedonia News Agency














