Италијанската премиерка Џорџа Мелони објави порака на социјалните мрежи во врска со нејзината посета на Верона по повод 128. саем Fieracavalli.

Во својата објава Мелони наведе дека саемот е манифестација што ги одразува италијанската страст и извонредност. Таа истакна дека секторот за одгледување коњи и коњички активности претставува економски синџир што создава вредност и работни места и се заблагодари за гостопримството што ѝ било укажано.

Macedonia News Agency