НАТО соопшти дека британските бродови HMS Prince of Wales и HMS Dauntless спроведуваат заеднички активности со сојузниците на Алијансата во арктичкиот регион и Северниот Атлантик.
Во објава на социјалните мрежи со пораката „Силата на НАТО на Далечниот Север“, НАТО истакна дека бродовите преку заеднички операции ја зајакнуваат својата способност за координирано дејствување и придонесуваат за одбраната на северното крило на Алијансата.
Macedonia News Agency














